Град Скопје: Со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за Леонид Индов
Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.
Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија.
Дополнително, во Петок 23.02.2024 година во 12 часот, во средното училиште на Град Скопје Георги Димитров ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје.
21.02.2024 - 17:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа