Гостивар со вонредна седница: Милион денари за семејствата на жртвите од Пулс

 

Општина Гостивар ќе издвои еден милион денари како хуманитарна помош наменета за семејствата на загинатите и повредените во трагичниот настан во Кочани. Советот на вонредна седница денес едногласно ја изгласа предлогот одлуката на градоначалникот Ваљбон Лимани.

Вонредната седница започна со оддавење почит за загинатите и едноминутно молчење.

- Болката по трагедијата во Кочани е голема. На ваков начин ќе изразиме еден чин на солидарност и ќе испратиме дека овие семејства не се сами. Тагата кога е споделена е помала. Посакувам никогаш повеќе да нема вакви трагедии во државата. Сегам како никогаш досега ни е потребно да бидеме заедно и сплотени, рече Лимани во обраќањето пред советниците.

Претседавачот на Советот на Гостивар, Намик Дурмиши упати апел до граѓаните на Гостивар да се солидаризираат и на соодеветен начин да им помогнат на семејствата кои се погодени од трагичниот настан. Во име на групата советници од ДУИ, советничката Вјолца Бафтиу Зилбехари, прочита емотивно обраќање во кое изрази сочувство за загубата и притоа напомена дека оваа рана нема да зарасне.

Во понеделникот, локалната самоуправа организираше комеморативен собир на градскиот плоштад на кој беше оддадена почит на загинатите во пожарот што се случи во Кочани и во кој загинаа 59 лица, а околу 150 беа повредени.

21.03.2025 - 11:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега