Голема трагедија пред градинка во Италија: Прегазено мало девојче

 


Голема трагедија се случила пред градинка кога автомобил удрил во 18 месечната Софија по што таа починала во болница.

18-месечната Софија починала во болница во Бреша, Италија, откако во неа удрил автомобил пред градинката додека била со баба и.

Трагедијата се случила на паркинг пред приватен училишен комплекс во главниот град на Ломбардија, во кој се сместени градинка, основно и средно училиште.

Во девојчето удрил автомобил управуван од баба на прваче. Како што пишуваат италијанските медиуми, таа го паркирала автомобилот од едно на друго паркинг место, но наводно не го видела девојчето.

Малата Софија паднала на земја и ја удрила главата.

Брзата помош пристигнала брзо, а девојчето било реанимирано на лице место, бидејќи доживеала срцев удар. Потоа ја префрлиле во болница, но малата Софија не преживеала.

И нејзината баба се здобила со неколку скршеници, и во шок е пренесена во болница.

Несреќата се случила во шпицот, кога децата го напуштаат училиштето, од кои некои биле сведоци на трагедијата.

04.06.2024 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега