Голема е веројатноста малата Данка да е на видеото, соопшти виенската полиција


Виенската полиција објави соопштение 
во кое има нови фотографии од девојче од Виена кое наликува на Данка Илиќ (2).


Во соопштението се наведува дека роднините на исчезнатото девојче го гледале видеото направено на станицата во овој град и дека претпоставуваат дека тоа би можело да биде Данка, пренесува Блиц.

Како што се наведува во полициското соопштение, тие во моментов трагаат по жени кои биле во друштво на девојче кое личи на Данка Илиќ и ги повикуваат луѓето да се обратат во полиција доколку знаат каде се наоѓаат.

03.04.2024 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега