Голем пожар во велешко - поради ветрот опасноста се шири кон Општина Долнени

 

Денеска во 12:38 часот, во Центарот за управување со кризи, добиена е пријава за пожар на сува трева покрај железничката пруга кај м.в.Ореше, Општина Чашка. За кратко време, поради силен и променлив ветар, пожарот се проширил во дабовата и габеровата шума, помеѓу селата Ореше и Богомила. 

Поради силниот оган, до 17:00 часот, во прекин беше и железничкиот сообраќај.

На интервенција на пожарот излегоа ЈП Национални шуми – подружница „Бабуна“ – Велес, како и лица од месно население. 

„Поради брзото ширење на пожарот и неможноста да се стави под контрола од силите кои интервенирале, во 14:36 часот, подигнати во воздух како воздушна подршка на силите кои го гаснат пожарот од земја се трите (3) ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и истите дејствуваа двапати, но според известувањето од одговорното лице на терен, пожарот е сеуште критичен и доста активен, а  поради засилениот ветер се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени“, изјавија од Центарот за управување со кризи.

14.09.2023 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега