Гнев во Кремљ поради налогот за апсење на Путин: „Ова е срамота и неприфатливо“

 

Русија не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако тоа тело издаде налог за апсење на претседателот на земјата, Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги смета одлуките на судот „ништовни и неважечки“ и дека прашањата што ги поставува судот се „срамота и неприфатливи“.

На прашањето дали Путин сега се плаши од патување во земји кои ја признаваат јурисдикцијата на МКС, Песков рече дека „нема што да додаде на таа тема“.

Претходно денеска Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

МКС во соопштението наведе дека Путин е „наводно одговорен за военото злосторство илегално депортирање  и незаконското преселување на населението од окупираните територии на Украина“.

МКС, исто така, издаде налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесар за правата на децата, под слични обвиненија.

17.03.2023 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега