Ѓоковиќ повторно погоди линиски судија со топче по глава
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, во текот на осмиот гем на натпреварот од осмина финалето на Ролан Гарос, против Русинот Карен Хачанов, повторно погоди линиски судија со топче по главата.
Овојпат за разлика од УС опен кога поради ненамерно погодување на линиската судијка Лаура Кларк со тениско топче по главата беше дисквалификуван од турнирот, заврши само со „болна гримаса“ на судијата зад Новак.
Имено, Ѓоковиќ се обиде да го врати топчето по сервисот на Хачанов, но потоа топчето замина во главата на линискиот судија.
Сè било решено со извинување на првиот тенисер на светот, кое што се случило во текот на играта, па Новак помина без никаква казна.
— Pluton (@Pluton45873221) October 5, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа