Гир: Да се зграпчи моментумот и земјата брзо да се придвижи кон ЕУ

Евроамбасадорот Дејвид Гир потврди дека има нова динамика во процесот на проширување на Европската Унија, откако претходно еврокомесарот Оливер Вархеји најави дека годинава ќе се донесат клучни одлуки за членство на земјите-аспиранти. Гир порача да се искористи шансата, односно да се заврши неопходниот чекор – уставните измени, како и да се спроведуваат реформи.

„Ние сме во многу специјален историски момент, кога проширувањето е на врвот на ЕУ-агендата. Има нова динамика и нов моментум, што значи дека работите можат да се движат нанапред со голема брзина. Важно е дека оваа земја е дел од тој моментум и треба да се зграпчи моментумо што постои веднаш“, рече Гир.

Минатата недела еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кажа дека претстојат промени кои ќе доведат до поефикасен начин на проширувањето на Унијата, но не сподели детали каков би бил новиот план на Брисел. Вархеји истакна дека времињата се сменети и проширувањето ќе се забрза поради војната во Украина.

22.05.2023 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа