Ги кубела, ги тресела, врескала, ги навредувала: Полицијата приведе воспитувачка

 


45-годишна воспитувачка била уапсена поради физичкото насилство што го применувала за да ги заспива децата во образовна институција во Милано.

Таа малтретирала деца што одат во дневен престој, односно на возраст од неколку месеци до нешто повеќе од една година.

Според истрагата на италијанската полиција, од 2022 година таа е одговорна за насилството врз најмалку десет деца и тоа значи дека ги грабала за рацете, а потоа одеднаш ги оставала да паднат и да удрат со лицата на подот.

Исто така, според пријавата, таа често „ги навредувала, ги кубела, ги терала да спијат или насилно ги држела за рацете и нозете за да не станат од столот или од креветот“.

Алармот го вклучија колегите што работат со воспитувачката во истата институција, кои случајот го доставија до Дирекцијата за детски услуги на Општина Милано, што доведе до поведување жалба.

Веднаш по првата пријава, службениците поставиле камери во градинката, каде што ги снимиле сите епизоди на „физичко и психичко насилство врз децата.

Камерите снимиле страшни ситуации кога една жена вреска по децата, а потоа силно ги тресе за да ги заспие.

Колегите кажале и дека повеќе гледала во телефонот отколку што се грижела за децата.

Жената моментно е во домашен притвор и чека сослушување.

Колегите ја опишаа како личност без „емпатија кон децата и со постојан гнев“.

17.04.2024 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега