Германија воведе забрана за активностите на Хамас
Германија денеска воведе забрана за активностите на Хамас, веќе означена терористичка организација во таа земја, како и на пропалестинската група Самидун.
„Денеска целосно ги забранив активностите на терористичката организација Хамас, чија цел е да ја уништи државата Израел“, се вели во соопштението на германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер.
Во соопштението се истакнува дека, како меѓународна мрежа, Самидун ширел антиизраелска и антиеврејска пропаганда под превезот на „солидарна организација“ за затвореници во различни земји.
„Одржувањето на спонтани „прослави“ овде во Германија, како реакција на страшните терористички напади на Хамас врз Израел, покажува дека Самидун има антисемитски и нехуман поглед на светот на особено одвратен начин“, рече германскиот министер, пренесе Дојче веле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа