Герасимовски: 120 хигиеничари активирани во чистењето на Центар, акцијата продолжува и утре

 

Општина Центар информира дека од понеделникот, откако Град Скопје ги остави центарските улици во смет активирани се 120 хигиеничари од Општината кои три дена по ред ги чистат јавните површини во централното градско подрачје без разлика дали е под надлежност на Град Скопје.

„Ги засукавме ракавите и спроведовме акција за чистење на нашата општина. Глетката која ја имавме пред два дена не смее да се повтори. На терен се 120 хигиеничари и со целосна механизација, со цистерна, со метларки и со камион се чистат улиците и се собира сметот. Општинските служби и вечерва, и утре продолжуваат со работа во обезбедувањето на почист и посреден Центар. Апелирам Град Скопје и јавното претпријатие Комунална хигиена да се фатат за работа, да ги чистат контејнерите и да ги одржуваат улиците чисти во општините кадешто имаат надлежност”, вели градоначалникот Герасимовски.

Акцијата на Општина Центар продолжува и во текот на утрешниот ден.

Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви 076/350-767 и 02/3203-693. Општинските служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во централното градско подрачје. Центар не чека, Центар чисти. 

29.01.2025 - 17:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега