Газдата на Шкупи: Испаѓањето на Вардар е срам за Македонија!
Шкупи имаше одлична сезона и заврши на втората позиција со што обезбеди место во Европа за следната сезона, а газдата на тимот, Олгун Ајдин зборуваше и за испаѓањето на најтрофејниот македонски клуб Вардар од Првата лига, пренесува „Спорт“
Првиот човек на Шкупи кажа дека испаѓањето на Вардар е голем срам за Македонија и смета дека ситуацијата можела да биде и поинаква.
„Испаѓањето на Вардар од Првата лига е голем срам за Македонија. Вардар е најголем клуб во Македонија, клуб со голема историја и традиција и такво нешто со пари не може да купите. Вардар е најсјајниот камен во македонскиот фудбал. Жално е тоа што му се случи на Вардар, мислам дека не смееше да се дозволи такво нешто. Мораше да се најде решение. Во Турција постои закон каде што секој што спонзорира тим е ослободен од данок, а ако беше таква ситуација и во Македонија, најверојатно Вардар немаше да испадне од лигата“, кажа газдата на Шкупи.
Тој рече дека негова главна цел е од Шкупи да направи македонски фудбалски бренд кој ќе не претставува во Европа секоја сезона.
Запрашан околу тоа колку клубот планира да потроши годинава Олгун рече.
“Не е прашањето колку, туку како. Македонија малку инвестира во младински фудбал и тука е еден од главните причини зошто лошо се функционира. Но со правилен пристап и трошење на средства мислам дека Македонија може да го достигне и успехот на една Хрватска зошто да не” рече Олгун.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа