Газдата на Челси ќе купи клуб во Франција
Сопственикот на Челзи, американскиот бизнисмен Тод Боли, планира да го купи францускиот прволигаш Стразбур, пишува „Гардијан“.
Тод Боли се расфрла со пари од моментот кога го купи Челси. Во два преодни рока потроши повеќе од 600 милиони евра на нови фудбалери.
Американецот сега има амбиции да влезе во француската Лига 1. Со оглед на тоа што УЕФА планира да ги намали ограничувањата кога станува збор за сопственост на неколку клубови од една иста личност, Боли реши да тргне да купи уште еден клуб.
Се обиде да го купи Лион, но неговата понуда беше одбиена. Исто така го одбија и Бордо и Сошо.
Идејата е Стразбур да биде отскочна даска за талентите на Челзи кои би имале минутажа во сениорскиот фудбал во една од најдобрите пет лиги.
Многу други клубови функционираат слично. Ред Бул тоа го прави со Лајпциг, Салцбург, Њујорк… Сити групацијата која е сопственик на Манчестер Сити поседува мрежа на клубови… Њукасл планира да го стори истото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа