Фудбалскиот клуб „Тетекс“: Македонските клубови во Тетово не можат да ги користат стадионите, такво право има само „Шкендија“

 

Фудбалскиот клуб Тетекс објави дека во Тетово македонските клубови ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право да ги користат за трензинзи и натпревари стариот градски и новиот градски стадион од засега непознати причини, а екслузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија.

 

„Дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме Македонци кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?“, прашуваат од клубот.

Велат дека со месеци, односно поточно од февруари наваму одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нивните барања.

„Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што погоема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза“, велат од клубот.

Прашуваат дали „Шкендија“ е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во поаздина. Апелираат до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, најавија протести се додека не обезбедат фундаментални права за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите.

16.08.2023 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега