Франк де Бур: Можеби би било подобро да загубиме од Македонија
Еден од нашите ривали во групата Ц на ЕУРО е репрезентацијата на Холандија, а по тој повод селекторот Франк де Бур имаше свој коментар околу неговите очекувања и на некој начин предвидувања.
„Холандија уште по првите два меча ќе обезбеди пласман во 1/8 финалето на ЕУРО. Прво играме со Украина, во меч кој ќе го добиеме со 3:1, па потоа Австрија ќе ја победиме со 2:1, и на крај, во последниот меч ќе славиме победа над Македонија со 3:0. Од друга страна можеби би било подобро да загубиме од Македонија. Имено ако сме први во групата во натамошната фаза од ЕП ќе не чека ривал од групата на `смрта`, каде што се Франција, Португалија и Германија. Ако завршиме како трети ќе добиеме многу полесен противник, сепак идеално би било да сме втори“, посочи Де Бур.
Освен Холандија во Ц групата заедно со Македонија се и Австрија и Украина.
Европското првенство ќе биде отворено на 11.јуни со натпреварот помеѓу Италија и Турција. Македонија првиот меч ќе го одигра во Букурешт против Австрија, четири дена подоцна екипата ќе игра против Украина, а последниот меч во групата против Холандија на програмата е на 21 јуни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа