(ФОТО+ВИДЕО) Изгаснат е пожарот во галијата на Вардар - нема повредени лица
Поради брзата интервенција на пожарникарите локализиран е пожарот којшто во 13.00 часот избувна во една од галиите на Вардар. Командирот на ТППЕ Скопје, Звонко Томески за „Прес24“ изјави дека пожарот е изгаснат и ставен под контрола, а нема ниту повредени лица.
Звонко Томески, командир на ТППЕ Скопје
„Во 13.00 часот е добиена пријава за настанат пожар на една од галиите, во непосредна близина на хотелот „Холидеј Ин“. Веднаш беше испратено едно противпожарно возило од Тавталиџе и уште две возила од Центар Автокоманда. Пристигнаа за кратко време, интервенирано е брзо, спречени се поголеми опожарувања на галијата“, изјави Томески.
Пожарникарите се се уште на местото на настанот и работат на расчистувањето на пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа