ФОТО: Вицепремиерот Фетаи во полициска станица
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи објави фотографија како во полициската станица Центар пријавува закана пристигната на неговиот мјелс. Функционерот, кој инаку е дојден од Брисел, минатата недела објави дека добил заканувачка порака и сега бара да се најде лицето и да му следува затвор.
„Денеска во 11:00 часот во Полициска станица Центар (1) пријавив дека добив смртна закана во мојот службен мејл на кој пишуваше „КУРШУМ ВО ГЛАВА ЗА ТЕБЕ ШИПО ФЕТАИ“, по изјава за отстранување. на дефиниција „20 проценти“ за албанскиот јазик.
Нема да се дозволи да поминат заканите и говорот на омраза. Ги повикувам органите на прогонот веднаш да го идентификуваат авторот на оваа закана. Заканите и екстремистите мора да се соочат со последиците од законот: затвор од 6 месеци до 5 години“, објави Фетаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа