ФОТО: Специјалниот автомобил на Роналдо чини 10 милиони евра- во гаражата има и други болиди

 

Кристијано Роналдо вчера го постигна својот 100-ти гол за Јувентус, но ова лето може да го смени клубот. Јувентус би можел да остане без Лигата на шампионите, а тоа не ги задоволува амбициите на Роналдо.

Покрај тоа, Јувентус не би можел да си ја дозволи неговата плата од 30 милиони евра.

Во понеделникот, Роналдо ја посети фабриката во Ферари со шефовите на Јувентус, Андре Ањели и Џон Елкан. Тој си купи автомобил вреден 1,6 милиони евра. Челниците на Јувентус се обидоа да ја расположат својата најголема sвезда. Познато е дека Роналдо е голем љубител на скапи автомобили.

Роналдо веќе има два комплети Бугати (Хирон и Вејрон) во гаражата, Мекларен Сену, Ламборџини Авентадор, Шевролет Камаро, Range Rover Sport, Мерцедес АМГ ГЛЕ, Ролс Ројс Кулинан, Бентли Континентал ГТ, Ферари Ф12 ТДФ и Мерцедес Класа Г Брабус.

Неговите автомобили вредат вкупно околу 18 милиони евра.

Португалецот го купил и Bugatti Centodieci за околу 10 милиони евра. Ги има само десет во светот, а еден од сопствениците е Роналдо.

Centodieci е специјален модел претставен во 2019 година, 20 кг полесен од Chiron кој служел како основа и има 1600 КС, што е за 100 КС повеќе од веќе ексклузивниот Chiron.

Го придвижува 8.0-литарски бензинец W16, напојуван од четири турбо полначи, што му овозможува на овој егзотик забрзување до 100 км / ч од место за само 2,4 секунди и максимална брзина на електронски ограничените 380 км на час.

Кликнете тука за да ја видите галеријата за автомобили на Роналдо.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега