(ФОТО) Се породи Тара Симов - тренерот на Македонија Ѓорче Петров стана дедо
Тара Симов се породи денес на 3 јули со царски рез.
Таа наследникот го роди во Белград, а по породувањето веднаш сподели фотографија од бебето.
-Сине наш најубав, напиша гордата мајка која го означила и своето момче на фотографијата, Данило Раичевиќ.
Инаку Тара утрово се вклучи во живо на Инстаграм истакнувајќи дека ова е нејзиниот последен „лајв“ и дека заминува на породување.
Инаку Симов е ќерка на актуелниот тренер на Македонија Ѓорче Петров, Горан Симов кој денеска стана дедо.
03.07.2023 - 19:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа