ФОТО: Погледнете го новото чудовиште на Мајкл Џордан

 

 

Одамна е познато дека Мајкл Џордан е голем љубител на автомобили.

Неговата колекција вклучува некои од најексклузивните Ferrari на сите времиња, како Daytona SP3, 812 Competizione и J50. Но, поранешната ѕвезда на Чикаго Булс додаде ново престижно име на листата.

Pininfarina Battista, електричен хипер-GT со 1903 КС, сега стана дел од скапата колекција на Џордан. И овде, Џордан беше невообичаен, нарачувајќи го единственото парче наречено Таргамерика, кое првпат беше видено минатиот август на неделата на автомобили во Монтереј.

По стил наликува на Ферари Спајдер.

Automobili Pininfarina на своите социјални мрежи го објави моментот на испорака на скапиот автомобил на Мајкл Џордан.

Така е овековечен моментот кога Мајкл Џордан ги добива клучевите од своето ново возило, персонализирано во секој поглед.

Таргамерика се одликува со отсуство на покрив. Направените модификации не ги променија оригиналните линии на Батиста, иако беа потребни значителни структурни прилагодувања за да се одржат перформансите на автомобилот. Задржани се боите на Testarossa Spider, со каросерија во Liquid Silver, збогатена со Iconica Blue детали, особено во долниот дел.

Активниот заден спојлер исто така го задржува стилот на оригиналната верзија, но со нов детал: долниот дел е рачно доработен во Iconica Blu, ексклузивен за овој модел.

04.10.2024 - 21:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега