ФОТО: На Кавадарчани ќе им требаат нови ролетни, зрната град предизвикаа штети

Голем број на Кавадарчани ќе треба да ги сменат ролетните во своите домови, оти силниот град којшто врнеше попладнево, направил штета во повеќе домови. На фотографиите кои кружат на социјалните мрежи може да се забележат повеќе уништени ролетни, како последица од силното невреме кое го зафати овој град. 

За потсетување, невреме со врнежи од град го зафати попладнево Кавадарци, големи количини на вода се слеваат по улиците и тротоарите во градот, од поројните дождови. Засега не се знае дали градобијните зрна имаат предизвикано штети на земјоделските култури, во време кога е актуелна и бербата на грозјето од годинешнава реколта. 

Врнежи од град деновиве имаше и во селата од Поткожувјето, оддалечени околу четириесетина километри од градот. 

20.08.2024 - 18:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега