(ФОТО) Градоначалник сам си шутираше со топка на празен гол - прв го пробувал теренот

Денес официјално беше пуштено во употреба целосно реконструраното игралиште кај СОУ "Гимназија Кочо Рацин" и ССОУ "Димитрија Чуповски" наменето за фудбал на мали голови. Ова ново омилено место за спорт и рекреација е донација од велешката компанија Жито Маркети, информира градоначалникот на град Велес, Марко Колев.
Тој сподели фотографии од денешниот настан на социјалната мрежа Фејбсук, па меѓу нив и самиот татко на градот е фотографиран како шутира со фудбалска топка во празен гол, прв го испробал теренот.
„Искрена благодарност до менаџментот на компанијата за досегашната соработка, но и за нивната подготвеност за соработка и во иднина. Бидејќи само заедно може да го направиме градот убав!
Продолжуваме посветено, за поубав Велес“, пишува градоначалникот Колев на ФБ.

04.11.2022 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа