ФОТО: 95-годишниот Сорос ужива на плажа опкружен со своите асистенти

 

Откако му ја предаде својата империја на својот син, милијардерот и филантроп Џорџ Сорос беше снимен како се капе во водите на Барбадос со помош на четири асистенти.

Сорос (93) е виден како плива со придружба покрај плажата во Бриџтаун, главниот град на островската држава. Како што пишува „Дејли мејл“, Сорос по капењето се опуштил на плажа.

Финансиерот претходно му ја предаде контролата на својата империја вредна 25 милијарди долари на синот Алекс, кој вети дека ќе ги искористи парите на семејството за да ги брани левичарските каузи.

Алекс (37) за „Волстрит журнал“ изјавил дека ќе ги прошири целите на својот татко, но и дека ќе прифати други, како што се абортусот и родовата еднаквост.

– Јас сум повеќе политички настроен – изјави наследникот на Сорос, кој за нешто повеќе од една година ја посети Белата куќа 14 пати и се сретна со важни личности меѓу демократите.

Тој рече дека е загрижен за можноста републиканецот Доналд Трамп да се врати во Белата куќа, што укажува дека семејството ќе донира многу за демократите на претседателските избори во 2024 година.

Се сметаше дека Алекс е во втор план кога станува збор за наследување на семејното богатство. Многумина блиски до Сорос веруваа дека неговиот постар полубрат Џонатан (52) „ќе ги преземе уздите“.

Дејли Мејл пишува дека Сорос станал непопуларна личност за Трамп и неговите сојузници, а исто така бил гласен противник на Џорџ Буш, кој донирал милиони за да го спречи неговиот  е избор. Тој подоцна, исто така, направи големи донации за претседателските кампањи на Барак Обама и Хилари Клинтон.

 

24.12.2023 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега