Фон дер Лајен: Ја потврдуваме нашата посветеност и поддршка кон партнерите од Западен Балкан

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон ден Лајен изјави дека со Договорот за ревизија на повеќегодишниот буџет на ЕУ, лидерите на Европската Унија уште еднаш ја потврдија посветеноста и поддршката кон партнерите од Западен Балкан.

Ја потврдивме нашата посветеност на борбата против илегалната миграција. Ја потврдивме нашата посветеност да ги поддржиме нашите партнери од Западен Балкан. Тоа е дел од Планот за раст што е во тој буџет – рече Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

За време на конференцијата, на која, покрај за Украина, се разговараше и за проблемите на земјоделците во Европа и Блискиот Исток, Мишел посочи дека финансискиот договор ќе овозможи во иднина да се трошат пари и за други теми како што е Западен Балкан.

02.02.2024 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега