Финска доби зелено светло од Турција за НАТО, Шведска останува во чекалната

 

 

Турскиот парламент во Анкара денеска го одобри нацрт-законот со кој Финска и се дозволува влез во НАТО.

Турскиот парламент е последниот меѓу 30-те членки на алијансата што го ратификуваше членството на Финска, откако унгарскиот парламент усвои слична легислатива претходно оваа недела.

Претседателот, Реџеп Тајип Ердоган, на почетокот на март рече дека Финска го добила благословот на Турција откако тие презеле конкретни чекори за сузбивање на групите што Анкара ги смета за терористички.

Во мај 2022 година, Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО, но нивната апликација за влез беше веднаш отфрлена од Анкара, која побара од нордиските земји да ги прогласат курдските организации за терористички, да екстрадираат во Турција лица обвинети за терористички активности или помагање и поддршка на обидот за државен удар во 2016 година, заедно со укинувањето на ембаргото за оружје за Турција.

Анкара подоцна го ревидираше својот став за Хелсинки, посочувајќи дека генерално ги почитувала условите од меморандумот за антитероризам потпишан со Финска и Шведска. Турција сè уште има сериозни поплаки против Шведска и наведува дека Стокхолм се уште не е подготвен да влезе во НАТО.

31.03.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега