Филипче: Изборните резултати ја клекнаа СДСМ на колена
Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ.
Тој истакна дека во трката влегува сам, а тимот ќе го создава по изборот за претседател, доколку ја добие довербата.
„Овие изборни резултати партијата на некој начин ја клекнаа на колена. Некој го поставува прашањето дали СДСМ ќе опстои, а јас цврсто верувам дека не само што СДСМ ќе опстои, туку повторно ќе биде победничка партија“истакна Филипче.
Очекува голема поддршка од членството, а посочи дека во програмата која ја поднесува заедно со кандидатурата напишани се основните постулати по кои ќе работи, посветено, професионално и и со целата своја енергија и знаење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа