Фетаи останува во ВЛЕН: Таравари и Ахмети сакаат да направат политичка криза

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, кој е дел од коалицијата „Влен“, вчера на прес-конференција официјално соопшти дека тој останува дел од Владата.


– Не дозволуваме волјата на членството и гласот на граѓанинот да бидат шверцувани. Продолжуваме да работиме таму каде што се носат одлуки и каде што се прават промените. Затоа што веруваме дека нашата земја има потреба од стабилност, развој, одговорно владеење и од Алијанса која нема да ja предаде довербата добиена од граѓаните. Ние не сме тука поради лични интереси. Ние сме тука поради одговорност – за да ги претвориме ветувањата во конкретни резултати. А тоа не можеме да го направиме ако ја напуштиме битката на половина пат. Ќе продолжиме како рамноправен партнер во коалицијата „Влен“, со иста професионалност и посветеност – служејќи им на нашите граѓани со чест и решителност. Алијансата за Албанците ќе продолжи да гради, а не да руши. Тука сме за да обединиме, а не да делиме. Ќе ја одржиме дадената доверба (беса) – да бидеме вашиот глас во институциите, во секое маало и село, и во секоја битка за правда и еднаквост, рече Фетаи.

Фетаи потенцира дека Ахмети и Таравари сакаат да предизвикуваат политичка криза.

– Целиот овој пазар што го направи претседателот Таравари со Али Ахмети, го направи за моќ и политички опстанок. Тие пресметале дека со саботирање на Коалицијата „Влен“ првин на ниво на пратениците и потоа и на владината коалиција, ќе предизвикаат политичка криза што ќе ја доведе земјата до предвремени парламентарни избори. Овој план не им успеа. Нема двојни избори. Ќе има локални избори со два многу јасни блока, посочи Фетаи, велејќи дека Владата е постабилна од било кога.

26.05.2025 - 08:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега