ФБИ упадна во погрешна соба, врза заспан човек и го стави под туш
Агентите на ФБИ влегле во погрешна соба за време на вежба во хотел во Бостон и привеле невин човек.
ФБИ соопшти дека му помагала на Министерството за одбрана во спроведување на истрага во вторникот вечерта, објави Би-Би-Си.
Сепак, агентите влегле во погрешна просторија и му ставиле лисици на човекот, кој не знаел што се случува. Приведениот бил пилот на „Делта ерлајнс“, објави Си-Би-Ес Бостон.
„Врз основа на неточни информации, тие по грешка влегоа во погрешна просторија и приведоа погрешен човек, а не личноста која требаше да ја игра улогата во вежбата“, се вели во соопштението на ФБИ.
За среќа нема повредени, се вели во соопштението. Во конфузијата во хотелот Ривер, агентите наводно го испрашувале човекот речиси еден час пред да сфатат дека навистина станува збор за грешка.
Мажот спиел кога агентите влегле во неговата соба и во еден момент го турнале во туш кабината.
Потоа била повикана полиција и потврдила дека навистина се работи за вежба, соопшти ФБИ.
Безбедноста е секогаш приоритет за ФБИ и нашите партнери, соопшти ФБИ, додавајќи дека го разгледува инцидентот и го сфаќа многу сериозно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа