Фатен на дело разбојник во Скопје

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Е.А.(36) од Кочани.

Од МВР информираа дека тој се сомничи дека околу 01.30 часот во хотел на подрачје на Центар се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето. Притоа, појаснуваат од МВР, тој им се заканил со остар предмет и со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето. Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

13.11.2023 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега