Европската унија поддржа итна испорака на оружје во Украина, Зеленски вели „побрзајте“

 

 

Лидерите на земјите-членки на Европската унија ја поддржаа одлуката за итно испраќање милион парчиња артилериска муниција во Украина преку заедничка набавка, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика да ја забрзаат испораката. Во понеделникот, министрите за надворешни работи и министрите за одбрана на земјите-членки постигнаа политички договор за планот за набавка на милион артилериски ракети од калибар 155 мм во следната година.

За ова ќе бидат обезбедени една милијарда евра од Европскиот инструмент за мировна помош за набавка на муниција од постоечки залихи, а уште една милијарда за нарачка муниција од калибар 155 мм за пополнување на исцрпените залихи.

„Имајќи ги предвид безбедносните и одбранбените интереси на земјите-членки, Европскиот совет го поздравува договорот на Советот на ЕУ за итна испорака на артилериска муниција во Украина“, се вели во заклучоците на Европскиот совет.

23.03.2023 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега