„Европа е следна“: Нетанјаху го повика светот да го уништи палестинскиот Хамас

 

Во очекување на одлуката за евентуално продолжување на прекинот на огнот во конфликтот на Блискиот Исток, вчера, во Израел беа вратени уште десет заложници на Хамас. Во исто време Хамас го условува ослободувањето на заробените припадници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) со траен прекин на огнот.

Од друга страна, израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, најави дека ќе ја распушти владата доколку Израел не ја продолжи војната против палестинската милитантна група.

„Запирање на војната е еквивалентно на кршење на владата“, рече Бен Гвир, чија партија Отма Џехудит има тројца министри во воениот кабинет.

„Вие сте следните, разберете го тоа“, изјави вчера израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

„Германија, Европа. Хамас е дел од терористичката оска на Иран, Хезболах, Хутите и други. И нивната цел е да го водат првин Блискиот Исток, а потоа и целиот свет, во ерата на варварството, мрачниот век на средниот век. Тоа е она што тие го сакаат. И ако луѓето сè уште не го сфатиле тоа, треба. Тие нема да исчезнат доколку не ги победиме“, додаде тој.

Нетанјаху во изјава за германски „Билд“ додаде дека во историјата има моменти „кога цивилизираните луѓе треба да заземат став“.

30.11.2023 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега