ЕУ свика итен состанок: Тема - помош за Турција

 

ЕУ ќе свика кризен состанок на Интегрираниот политички кризен одговор поради земјотресите што ги погодија Турција и Сирија.

На средбата ќе стане збор за координација на мерките за поддршка на ЕУ за погодените региони, јавува Би-Би-Си.

На состаноците на Интегрираниот политички кризен одговор обично се вклучени релевантните институции на ЕУ и претставници на сите земји-членки погодени од кризата.

ЕУ најавува дека ќе формира и испрати тимови за пребарување и спасување во Турција – и ќе ги обезбеди услугите на сателитскиот систем Коперник.

Претходно високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борељ и комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич изјавија дека ЕУ е подготвена да ги поддржи погодените во Сирија преку своите програми за хуманитарна помош.

Најмалку 2.300 луѓе загинаа денес во Турција и Сирија по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција.

Шефот на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби изјави дека во таа земја загинале најмалку 1.498 луѓе, а 8.533 се повредени.

06.02.2023 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега