Ендрју Тејт обвинет за силување и трговија со жени
Eндрју Тејт со неговиот брат Тристан и уште двајца се осомничени и испратени од ромаските обвинители на судење под обвинение за трговија со луѓе, силување и формирање криминална банда за сексуална експлоатација на жени.
Браќата Тејт и другите две лица кои се осомничени, се во домашен притвор во исчекување на кривична истрага за злоставувања извршени врз седум жени. Осомничените ги негираат обвинувањата.
Ендрју Тејт е дополнително обвинет за силување на една од жртвите, додека Тристан, неговиот брат, е обвинет за поттикнување други на насилство.
Судењето нема да започне веднаш. Според романскиот закон, случајот ќе биде испратен до прелиминарниот совет на судот, каде што судијата има 60 дена да го анаизира случајот за да се утврди законитоста.
Романските обвинителите велат дека браќата Тејт своите жртви ги заведувале лажно тврдејќи дека сакаат врска или брак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа