Еминем ќе стане дедо
Најмладата ќерка на легендарниот рапер Еминем, Хејли Џејд, го чека своето прво дете со сопругот Еван Меклинток.
Еминем (51) ја откри среќната вест во спотот за неговата песна „Temporary“. Видеото содржи стара домашна снимка од неговата ќерка. На крајот од видеото, Еминем сподели видео каде Хејли Џејд му открива дека го чека своето прво дете.
Тогаш Хејли објави и неколку фотографии со сопругот на Инстаграм и откри дека ќе стане мајка.
За потсетување, Хејли Џејд кон средината на мај се омажи за својот долгогодишен партнер Еван Меклинток, а на социјалните мрежи сподели фотографии од венчавката.
„Оваа недела се разбудив како сопруга. Не можевме да замислиме подобра и поубава прослава. Пролеавме толку солзи радосници. Многу се смеевме и можеше да се почувствува толку многу љубов“, напиша тогаш во описот на објавата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа