Елмас: Три месеци мислам само на тоа ЕП, горам од желба за успех

 

Македонскиот репрезентативец и играч на Наполи, Елиф Елмас е полн со оптимизам пред дебитантскиот настап на Европското првенство на Македонија.

Вели дека знае како е да се игра на ЕП зашто претходно беше дел У21 тимот кој го скрши мразот на големите натпреварувања.

-Знаеме што направивме до овој момент, но, продолжуваме да работиме исто како и претходно, затоа што сите размислуваме на што е можно поголеми успеси. Како што кажав и по Грузија, никогаш не се задоволувам со пласман на едно ЕП. Неколку играчи од тука играа и на У21-првенството, знаевме кога дојдовме во А-тимот како е тоа. Направивме уште поголем успех од тоа, сега сме на сениорското ЕП и размислуваме само да го одиграме како што треба овој настан и да донесеме уште поголеми успеси. Сега се ќе зависи од нас, рече Елмас.

Вели, три месеци размислува на ЕП.

-Три месеци размислувам само за ЕП, откако дојдов во хотел, се оставив на страна. Само репрезентацијата ме интересира. Ова е животна желба на секој играч. Доаѓаме од мала држава, ова е нешто големо за сите и целиот наш народ. Се разбира дека имам и мала трема, но јас велам дека оној кој го сака фудбалот мора да има некое жарче во него кое гори за да сака повеќе. Играме за државата во која сме родени, во која сме израснале и сме направиле многу. Кога ќе видиш дека си го направил целиот народ горд, тоа ме прави уште посреќен. Македонија може да направи големи работи на ЕП. Пред овој циклус имавме добри настапи, но, на настанот ќе има доста работа и многу новитети за нас, па ќе мора пак да се докажуваме. Ќе мора да покажеме дека не сме туку-така пласирани на ЕП и дека сме таму само да се „прошетаме“. Ние ќе играме со големи репрезентации, ама веруваме во позитивен резултат. Одиме на ЕП да ја поминеме групата, вели Елмас.

 

 

27.05.2021 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега