Елмас: Ова е голем меч, ќе го одиграме и за себе, за тимот и за целата држава
Во пресрет на натпреварот против Грузија за пласман на Европското првенство, македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас најави голема борб за остварување на најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал.
– Не очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата држава. Се надевам дека ќе успееме, ќе играме за пласман на Европско првенство, изјави Елмас за веб-страницата на ФФМ.
Натпреварот ќе се игра на 12 ноември во Тбилиси со почеток во 18 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа