Едногласно изгласан Деловникот за уставните измени, рокови нема, но треба да биде бргу

Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот денеска одржа седница на која едногласно бил усвоен деловникот за работа.

Претседателката на работната група за уставни измени, Маргарита Цаца-Николовска, рече дека Деловникот ќе биде објавен утре на страницата на Министерството за правда.

Од страна на претседателката Деловникот беше оценет како добар. Рече дека тој претставува добра основа што дава можност за работа, без навлегување во дискусии, што ќе ја одолжат работата.

„Рокови немаме зацртано, но немаме многу време“, рече таа.

Како што беше посочено, работната група ќе се состанува многу почесто, генерално, еднаш во неделата. Не можеше да каже колку амандмани може да се изработат бидејќи, како што рече, групата треба да има одредени аргументи за нивните одлуки.

„Приоритет во работата е да се стигне со време за да може колку е можно побргу државата да ги презентира резултатите што ги има од меѓународниот договор“, рече Цаца-Николовска.

Следната седница ќе се одржи за една недела, в петок, 26 мај.

19.05.2023 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега