Единствената Македонка во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ - Славица Ангелова

 

Талентираната Славица Ангелова од Струмица, е единствената Македонка која успеа да се пласира во финалето на „Ѕвездите на гранд“. Да ѝ ја дадеме сите нашата поддршка!

Со фантастична изведба на „Ти“ од Александра Ковач и „Пази се“ од филмот „Јужен ветер“, Славица Ангелова оствари огромен успех и се пласираше како единствена претставничка на Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.

Оваа сабота, 24 јуни, резервирајте си го терминот 21 часот – Сител ТВ и најдоброто друштво, за заеднички да ја бодриме нашата Славица Ангелова, вонсериски редок талент и единствената претставничка на Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.

Нашата Славица под менторство на Ѓорѓе Давид, успеа да се пласира меѓу најдобрите на најгледаното музичко шоу во регионот, а сега ѝ е и повеќе од потребна нашата најголема поддршка за да се искачи на самиот врв – местото каде заслужува да биде!

Финалето ќе се емитува во живо, на Сител ТВ, а публиката ќе има можност да гласа по смс пораки, според инструкциите што ќе бидат објавени во емисијата.

Вонсерискиот глас на младата струмичанка Славица Ангелова, која паралелно е и студентка на медицина, ја однесе на најголемите регионални сцени и не требаше многу време за да стане миленичка на балканската публика. Ја запознавме како талентираното девојче кое блесна на детското талент шоу „Неке нови клинци“ за низ годините да созрее во вистинска голема надеж на регионалната музичка сцена, настапувајќи и на сцената на светското шоу „The Voice“, а сега е актуелна со големиот успех што го остварува на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде веќе се пласираше меѓу најдобрите и успеа да стигне до самото финале, под менторство на Ѓорѓе Давид.

23.06.2023 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега