Џереми Ренер се огласи од болничкиот кревет
Актерот Џереми Ренер имаше несреќа чистејќи го снегот на 1 јануари по што итно беше префрлен во болница во Рено, Невада, а сега им се обрати на своите фанови со објава на „Инстаграм“.
„Ви благодарам за убавите зборови. Во моментот не сум во можност за ‘типкање’, но на сите ви испраќам љубов“, напиша актерот покрај фотографијата направена во болнички кревет, а многу колеги, како Крис Хемсворт, Кејт Бекинсејл, Кејт Хадсон и Крис Еванс, во коментарите му посакаа брзо закрепнување.
Според „Дејли мејл“, кој ја цитира градоначалничката на Рено, актерот му помагал на мотоциклист, кој останал заглавен во снегот, кога бил повреден од плуг.
„Во неделата, 1 јануари, Ренер се обидувал да му помогне на возачот што бил заглавен пред куќа на снежната страна на планината кога го прегази сопственото возило“, изјави градоначалничката Хилари Шив. Во несреќата актерот добил сериозни повреди, но сега е во стабилна состојба.
Извор близок до актерот открил за Си-ен-ен дека актерот досега имал две операции и дека повредите се сериозни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа