Џафери – Силвестри: Северна Македонија да продолжи по европскиот пат

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Република во земјава.
На состанокот се истакна големото и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Италија создадено во 30-те години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу државите. 
 
Денес, двете земји, констатираа соговорниците, имаат високо развиени билатерални односи и се доверливи партнери во НАТО Алијансата. Италијанската Република, како што се посочи, е силен и голем поддржувач на Република Северна Македонија во сите демократски и реформски процеси. Посебно се потенцираше значајната улога на Италијанската Република во евроинтеграциите на Западен Балкан и конкретно на Северна Македонија во ефикасен процес, каква што поддршка добива нашата земја. 
 
Исто така, покрај политичките, одбранбените и културните односи, се констатираше дека се развиваат и економските односи, кои бележат тренд на унапредување, со оглед дека Италија е меѓу 10-те најголеми трговски и инвестициски партнери на Северна Македонија.
 
Премиерот Џафери се заблагодари за Монографијата, издадена по повод 30 години дипломатски односи меѓу Италијанската Република и Република Северна Македонија, квалификувајќи ја како драгоцено сведоштво за идните генерации, за длабокото и продуктивно пријателство меѓу државите во регионот и во европски контекст. 
 
Лично, изрази задоволство, што ја има можноста и од позицијата на премиер да продолжи да придонесуваа во натамошниот развој на односите меѓу државите.
На средбата се разговараше и за претстојните двојни избори во нашата земја. 
 
Претседателските и парламентарните избори се оценети како исклучително важни, со оглед на потребата да се потврди европската ориентација на Северна Македонија, како за квалитетот на живот на граѓаните во државата, така и за стабилноста на Западен Балкан, а со тоа и на Европа.
25.03.2024 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега