Џафери на божикно честитање кај г. г. Стефан

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска традиционално беше во посета на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан, за да му ги честита божикните празници и неговиот именден – празникот на светиот првомаченик Стефан.

Џафери му посака на г. г. Стефан, кој е на чело на православната верска заедница, добро здравје и благосостојба, успех, мудрост и верба во исполнувањето на високата духовна мисија давајќи го својот придонес во градењето сигурна иднина за младите генерации, како и за напредокот.

За време на средбата се сретна и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и со некои од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.

09.01.2024 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега