Дуа Липа ќе се соочи со судски процес за наводен плагијат

 

 

Федералниот суд во Менхетен одлучи британската поп-ѕвезда Дуа Липа да докаже на суд дека не го плагирала својот мегахит од 2021 година, Levitating, од диско-песна од 1979 година.

Окружната судијка Кетрин Полк Фаила во вторникот рече дека текстописците Л. Расел Браун и Сенди Линзер би можеле да се обидат да докажат суштинска сличност помеѓу Levitating и нивната песна Wiggle and Giggle All Night.

Адвокатите на Липа и нејзината издавачка куќа „Ворнер рекордс“ не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Во тужбата, поднесена во март 2022 година, двајцата текстописци тврдат дека спорната песна дели композициски елементи со нивната и, најбитно, со дуплирање на почетната мелодија.

Адвокатите на одбраната рекоа дека е невозможно некој да поверува дека Липа (27) ја слушнала Wiggle пред да ја напише Levitating.

Судијката се согласи, но рече дека тужителите навеле доволно факти за да тврдат дека песните се неверојатно слични, вклучително и со споделување повторувачки ритам и препознатлива мелодија, што предизвикува сомнеж дека Липа ја копирала нивната песна.

„Судот не може да ја исклучи можноста тужителите да исполнат несомнено висока граница за докажување впечатлива сличност,“ стои во пресудата.

09.08.2023 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега