Дрон падна во близина на Москва, молк од Украина

 

Дрон се урна во близина на селото Губастово во областа Коломна во Московската област, но нема закана за безбедноста на локалното население, изјави денеска гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.

Очигледно целта бил цивилен инфраструктурен објект, кој не бил погоден. Нема жртви, ниту материјал причинета е штета, а Федералната служба за безбедност и другите надлежни органи го истражуваат инцидентот“, напиша Воробјов на својот канал „Телеграм“, пренесе „ТАСС“.

Како што наведе, нема ризик по безбедноста на локалното население.

Украинските власти засега без коментар за инцидентот.

Претходно денес летовите на аеродромот во Санкт Петербург беа прекинати на околу еден час, кога непознат летечки објект беше забележан во близина.

Голем број руски домашни летови до Санкт Петербург се пренасочени назад кон нивните појдовни точки, според веб-страницата за следење летови Flight Radar. Најмалку пет летови на линијата од Москва до Санкт Петербург се вратени во руската престолнина откако претходно кружеле во воздух, пренесува „Гардијан“.

28.02.2023 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега