Дојави за терористички напади во Виена, на сила превентивни мерки

 

 

Полицијата во Виена презеде засилени безбедносни мерки во градот по дојава за можни екстремистички напади врз верски објекти.

Во меѓувреме, свештеникот на катедралата Свети Стефан доби полициска заштита. Бидејќи агитацијата во јавноста не стивнува, полицијата попладнево изнесе конкретни информации.

„Очигледно, дошло до недоразбирање: превентивните безбедносни мерки не важат експлицитно само за христијанските цркви, туку и за верските објекти и институциите од различни конфесии. Тие сè уште остануваат во сила“, соопшти полицијата.

Властите смируваат дека се работи за превентивни мерки и дека доколку постои конкретна опасност за населението, веднаш ќе предупредат.

Како што пренесува порталот Пулс 24, виенската катедрала Свети Стефан се уште е отворена, но под засилени полициски мерки, но свештеникот Тони Фабер е ставен под полициска заштита.

15.03.2023 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега