Дневен хороскоп: Еден знак да очекува позитивни вести од странство
ОВЕН
Не си дозволувајте финансиски загуби кои негативно ќе се одразат на односите со вашите деловни партнери. Силната желба да промените нешто во стресното секојдневие може да ве натера на патување. Направете го тоа, доколку нема да им наштетите на вашите службени должности.
БИК
Сретнете се со деловните партнери за да го обмислите проширувањете на вашиот бизнис, доколку сте преокупирани во сферата на приватниот бизнис. Промените ќе ви помогнат успешно да се справите со задачата којашто има краток рок. Не ве советуваме да одите на службено патување, доколку нема кој да ве замени.
БЛИЗНАЦИ
Бидете внимателни при запознавањата, за да избегнете разочарувања поради присуството на злонамерни луѓе од кои тешко ќе се ослободите. Можно е да бидете принудени да го премолчите вашето мислење за важна работа, поради нечие незадоволство, што би му наштетило.
РАК
Не преморувајте се на работното место. Вашите морални принципи ќе бидат во спротивност со финансиските предлози на вашите деловни партнери. Не постапувајте на начин што го поткопува вашиот авторитет. Воопшто не е пријатна комуникацијата со блиските. Нивните барања од вас се неосновани.
ЛАВ
За жал, судбината нема да ви донесе спокојство, бидејќи сте предодредени да се справувате со проблемите предизвикани од нечии хирови и неисполнети желби. Не е ни чудо што ќе ве снајдат финансиски и домашни проблеми кои дополнително ќе ве оптоварат. Организирајте деловни разговори.
ДЕВИЦА
Корисниот деловен разговор одржан попладнето ќе ве расположи и наполни со сила и нови надежи за професионална реализација. Судбината ве става на сериозен професионален предизвик за да видите дали сте склони да преземате непромислени ризици и да не успеете.
ВАГА
Вашето семејство сака да ги пречекате гостите на крајот од седмицата и тие се веќе поканети. Не ги сакате затоа што ви правеле проблеми, но принудете се да ги трпите неколку часа, бидејќи навечер ќе доцните поради итните состаноци и времето со нив ќе биде ограничено. Деловните состаноци и разговори ќе бидат успешни доколку не се трудите по секоја цена да ги наметнете своите идеи.
ШКОРПИЈА
На работното место заштитете се од конфликти. Сакате да промените некои од луѓето во вашето деловно опкружување кои според вас ви го блокираат патот, но денот не е погоден за остварувањето на целта. Вие сте целосно убедени во вашата исправност и знаење. Затоа, со поголема упорност, ќе бидете успешни во вашите потфати.
СТРЕЛЕЦ
Вашите успеси на овој ден може да бидат проследени и со неочекувани пресврти. Немојте да се фалите и не создавајте повод за појава на завист од страна на вашите колеги. За да се спасите од непријателството на вашите познати и непознати непријатели, обидете се да не му противречите на никого. Бидете умерени во зборовите и постапките.
ЈАРЕЦ
Имате сила денеска да се справите со сите тешкотии и, пред сѐ, да ставите крај на проблемите кои се појавија од пред неколку дена на вашето работно место. Одложете го планираното патување. Доколку сте нервозни и избувливи, ќе си попречите да ги реализирате вашите планови за овој ден. Стабилизирајте го она што сте го постигнале.
ВОДОЛИЈА
Со трпение разјаснете ги проблемите во вашите семејни и пријателски односи, кои се вжештуваат поради финансиски спор. Не дозволувајте да ве искористат за да избегнат идни проблеми. Не давајте заеми. Оние коишто се занимаваат со научна дејност, можат да направат корисни промени кои ќе им донесат успех.
РИБИ
Завршете ги вашите задачи на работното место. Не ви препорачуваме да се занимавате со тргување или финансиски трансакции, бидејќи ќе бидете губитник. Задржете ја присебноста, иако повторно ќе морате да се расправате со вашите роднини и да ги докажете вашите права на наследство што го добивте пред повеќе години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа