Димовски за коментаторите на МТВ: Ѕвер на денот
Коментаторите на Македонската радио телевизија се погрижија фановите пред малите екрани да го почувствуваат амбиентот на празната „Динамо Арена“ и исто како и актерите на тренерот, бурно го поздравија последниот судиски свиреж. Тони Стојановски и Горан Стерјов „полудеа“ по завршувањето на мечот и со емотивна реакција го прославија триумфот.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук профил го објави видеото на кое се гледа нивната радост по победата.
„Тони Стојановски!
Ѕвер на денот!
Да ги коментира сите натпревари на Европското“, напиша Димовски.
12.11.2020 - 21:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа