Димитриевски: Како претседател на Македонија нема да бидам послушник на законодавната и извршната власт

 

Сакав да излезам од комотната зона на градоначалник кој има уште половина мандат поради лошата ситуација во која се наоѓа народот и да влезам во трката за претседател на државата за да ги променам работите. Влегувам во трката за да победам, а не само да учествувам, порача вечерва претседателскиот кандидат Максим Димитриевски од движењето За наша Македонија – ЗНАМ.

-Позицијата ја прави човекот кој ја извршува функцијата, а не неговите ингеренции. За нас синтагмата „зборот е збор се уште значи“ и по тоа се разликуваме од другите, а тоа народот го препознава. Како претседател на Македонија нема да бидам послушник на законодавната и извршната власт, туку ќе ги спроведувам законите и нема да дозволам некој да ми кажува што да правам… Во оваа трка не влеговме да спасуваме никого, нашата агенда е јасна и немаме намера да бидеме привезок на ниту една власт. Без ЗНАМ нема да има Влада. Целиме на двоцифрена броја на парламентарните избори, а во најмала мера ќе имаме парламентарна група. На следните парламентарни избори по овие, кога и да бидат, ќе бидеме најмалку втора партија, посочи Димитриевски во интервју за ТВ Канал 5.

14.03.2024 - 21:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега