Девојка од кома ја разбудил гласот на легендарниот фудбалер (ВИДЕО)
Легендата на Рома, Франческо Тоти, ја посетил Илени Матил, 19-годишната фудбалерка на Лацио, која што по 9-месечна кома кога го слушнала гласот на „принцот на Рома“, се разбудила.
Лени е голем навивач на Рома, и покрај тоа што настапува за ривалскиот Лацио. Таа минатата година доживеала тешка сообраќајна несреќа во која што загинал еден нејзин пријател.
Од декември 2019-та година била во кома, но неодамна била снимена видео-порака во која што Тоти ѝ порачал „не откажувај се, ќе успееш, сите сме покрај тебе“.
Слушајќи ја таа порака, Илени се разбудила, а како и вообичаено, Тоти потоа ја посетил во болницата.
„Се насмеа, ме прегрна и почна да плаче. Бев многу возбуден што ќе ја запознам, а кога ќе излезе од болница повторно ќе се видиме“ – изјавил Тоти за новинарите.
„Морам да се заблагодарам на пријателите на мојата ќерка кои што дојдоа до идеја да контактирам со Тоти и го замолиле да сними порака. Франческо тоа веднаш го прифатил. Се гледа дека е личност со големо срце“ – истакнал таткото на Илени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа