Детектор: Секој трет Македонец против членство во ЕУ – 93% од Албанците се „ЗА“

Расте евроскептицизмот во Македонија иако и натаму над половина од граѓаните даваат поддршка за членство во Европската Унија. 

Последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, 55,8% од граѓаните доколку утре се одржи референдум за влез на Македонија во Европската Унија би гласале позитивно додека една четвртина од анкетираните или 24,8% би биле против.


Евроскептицизмот го билдаат Македонците имајќи предвид дека 93,5% од етничките Албанци би гласале за влез на Македонија во Европската Унија а само 4,6% против. Кај Македонците,
43,5% од анкетираните се за влез на Македонија во Европската Унија а дури 31,5% од анкетираните се против.


Историски гледано, ова е најниска поддршка за членство во Европската Унија измерена до сега. Анализата на последните 3 анкети кои Детектор ги спроведе во последните 4 години покажува дека од 2019 до денеска, поддршката значително опаднала. Ако во 2019 67,4% од анкетираните давале поддршка за членство во Европската Унија, бројката во 2020 паднала на 65,5% за денеска да се спушти на најниското ниво од 55,8%.
Очекувано во ваква ситуација расте бројот на граѓаните кои се против. Од 17,3% колку што се противеле на членството во Европската Унија во 2019, бројката скокнала на 24,8% денеска што значи дека секој четврти граѓанин на Македонија е против членство во Европската Унија.


Најголеми поддржувачи на зачленувањето во ЕУ се младите а најголеми противници граѓаните меѓу 30 и 40 години.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

28.05.2023 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа