Детектор: Мнозинството граѓани очекува ВМРО-ДПМНЕ да остане против промена на Уставот

Мнозинството граѓани очекуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да остане доследна и да не даде поддршка на уставните измени, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

 

Ваков став имаат 42% од анкетираните додека една четвртина или 25% очекуваат најголемата опозициска партија да го смени ставот.

Гледано по етнички групи, 45,7 од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна наспроти 43,3% етнички Албанци кои очекуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти. Дека опозицијата ќе гласа за уставните измени сметаат само еден на секои пет Македонци или 19,2% додека секој трет Албанец или 33% од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени.

 

Истражувањето на јавното мислење на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведено со телефонска анкета во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

21.05.2023 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега